Владата го усвои петтиот финансиски пакет антикризни мерки „тежок“ 160 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓу мерките кои се најдоа во петтиот антикриен пакет од Владата се најдоа и безкаматни кредити или исплата на плати за месеците февруари и март, но со изменети услови. Пакетот го презентираше премиерот Зоран Заев.

Помошта за плати ќе се дава скалесто како досега, но оние кои ќе инвестираат половина од средствата, нема да треба да вратат ниту денар во државната каса, најави Заев.

„Досега фирмите кои покажуваа добивка имаа обврска 50% да вратат. Со овој пакет ги стимуилираме компаниите да покажуваат добивка, раст и ако одлучат да ги инвестираат тие пари тогаш не мора да ги вратат во буџетот. Тоа е новината. Затоа што одиме со излез од кризата, за рестарт на економијата.“ изјави Зоран Заев, претседател на Влада

И во овој пакет, мерки ќе има и за граѓаните. Ако досега се делеа платежни картички, овој пат ќе добијат поинаква помош: Бришење на каматите од долговите кон јавните институции, како сметките за вода, канализација, УЈП и слично… Каматата ќе биде целосно избришана, а долгот ќе треба да се врати во рок од 1 година. Заев со апел и приватните фирми да ја спроведат мерката..

„Голем број на граѓани тешко ги плаќаат заостанатите долгови. Се трупаат камати, ниту компании можат да ги наплатат главниците, ниту граѓаните можат со се камати да ги платат своите давачки. Така да апелирам и приватните компании да се приклучат на јавните институции, секако доколку можат да направат репрограм на долговите од 12 месеци со бришење на камата. Секако тоа е право и ќе можат да го направат приватните компании. Ќе си помогнат и себе, а уште поважно ќе им се помогне на најсиромашните граѓани.“ истакна Зоран Заев, претседател на Влада

Петтиот пакет содржи 29 мерки, а тежи 160 милиони евра, од кои 91 милион се средства од буџетот, а останатите се однесуваат на ослободување од даноци, парафискални давачки, царини… Фокус се туризмот, угостителството, занаетчиството, транспортот, извозните компании, медиумите, тутунарите, производителите на грозје…