Виц: Женење со малолетничка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден млад човек влегува во црквата и одвај промрморува: Дедо попе, сакам да се женам.

Браво момче, браво. Колку години имаш?

22!

Прекрасна возраст за брак! А колку години има твојата избраничка?

15.

15? Не, жал ми е, тоа е невозможно! Противзаконски е!

Младиот човек издивнува со олеснување: Дедо попе, ќе сакате ли само да му го кажете ова и на нејзиниот татко? Ене оној, до вратата, со пушката.