ВИЦ: Жена продава јајца на пазар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една жена продава јајца на пазар. Таа ги продава за 10 денари, а сите други жени за 5.
Другите и велат:
– Ти да не си улава? Нема никогаш да ги продадеш јајцата. Ние по 5, ти по 10 денари, кој ќе ти ги купи?
А таа одговара:
– Ако де, јас ќе почекам, за никаде не се брзам!
Некаде приквечер, пред да се затвори пазарот, кога другите продавачки си заминале, пристигнува еден отмен маж, се приближува до жената и вели дека итно му требаат 10 табли јајца, не прашува за цена. Жената му одговорила дека има, а тој ја замолил да му ги донесе јајцата дома.
– Нема проблем, ќе ги донесам, за никаде јас не се брзам.
Му ги носи јајцата дома на мажот, а тој прашува дали ќе влезе.
– Нема проблем, ќе влезам, за никаде не се брзам.
Веднаш потоа ја прашал дали сака пијачка, а таа му вели:
– Може, нема проблем, за никаде не се брзам.
Потоа ја прашува дали сака уште една, па уште една, а таа постојано одговара:
Може, нема проблем, за никаде не се брзам!
На крајот завршуваат со жесток секс.
И, како беше? – прашува господинот.
– Одлично! Утре, кога ќе им кажам на другите дека продадов 10 табли јајца, дупло поскапи од тие на пазарот, дека си поминав прекрасно со отмен маж и имав секс трипати во една вечер, другите ќе пукнат од завист“, гордо одговара таа.
– Ама, госпоѓо, ние имавме секс само еднаш, вели тој.
– Нема проблем, ќе почекам, за никаде јас не се брзам!