Виц: За да бидеш цар, треба да си мудар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден цар го поделил царството на две половини. Една за него и една за неговите синови.
Еден ден ги повикал своите синови и им дал топ хартија:
– Решив да се повлечам во заслужен одмор, затоа кој ќе го скине топот хартија ќе ја дабие мојата половина од царството!
Пробале синовите, ама никој не успеал. Тогаш царот им рекол:
– Сами не успеавте, ај сега обидете се заедно лист по лист да го искинете.
Почнале синовите и за некое време го искинале заедно целиот топ, царот пак им се обратил:
– Запомнете, ги овие три лекции: тоа што не може да се направи одеднаш, може да се направи постепено. Работите кои не можете да ги направите сами, можете да ги направите со помош на пријателите. И тоа што не може да се направи со сила, може со памет. Дали разбравте?
– Да татко разбравме. – одговориле сите во еден глас.
– Ништо не сте разбрале! Само што ги искинавте сите тапии од вашата половина на царството и сега тоа е само мое.