Виц: Винарија вработува нов дегустатор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Умрел дегустаторот на позната винарија, и бил објавен оглас за вработување на нов дегустатор. За тоа работно место се пријавил некој тежок пијандура. Директорот на фирмата долго размислувал како да го откачи и и рекол на секретарката, дајте му некое скапо вино, нема да го знае и ќе го избркаме.

– „Каберне Совињон, 1968г, берено во северозападните краишта на француски Мартиник” – ко од пушка одговорил типот.
– “Браво”, – вика директорот, – дајте му уште една чаша за проба!”
– “Мускат Бланк спешл селекшн, реколта 1939та од јужните полиња на Сардинија, чувано во дабови буриња”
– “Неверојатно”
И третата чаша бргу му ја дале.
– “Бело шампањско вино – Пино, висок квалитет, ексклузивен!” – ладнокрвно одговорил пијаницата.
Директорот е видно запрепастен, гледајќи го кандидатот со изгубен поглед, а тогаш му текнало како да се откачи од него. И’ намигнал на секретарката и нешто и’ шепнал, па таа излегла од собата и покасно се вратила со чаша полна урина. Пијаницата пивнува, фрла уште еден поглед на чашата и вика:
– “Плавуша, 26 години.Три месеци трудна и ако не ме вработите, ќе кажам кој е таткото!“