Home Мајтап Виц: Трпе и крадците на дрва

Виц: Трпе и крадците на дрва

Се разбудува Трпе среде ноќ и гледа како тројца крадци во дворот му ги крадат дрвата. Веднаш ѕвони во полиција:

Ало, полиција? Тука во дворот тројца ми ги крадат дрвата. Дојдете побрзо и ќе ги фатите на лице место.

А од полициската станица му велат:

Жаламе, немаме слободна кола во моментов.

По некое време Трпе пак им се јавува и им вели:

Ало, полиција? Не мора да доаѓате, ги убив со пушката овие што ми ги крадат дрвата.

За 3 минути четири полициски коли полни со специјалци доаѓаат, ги фаќаат крадците на лице место и му се дерат на Трпе:

Зошто рече дека си ги убил, бе?!?!

А Трпе:

А зошто вие рековте дека немате слободна кола?

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Виц: Изнервиран петел

Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…