Home Мајтап Виц: Трпе хрчи како пила

Виц: Трпе хрчи како пила

Цветко заедно со своето друштво отишол на лов. Резервирале двокреветни соби, но никој не сакал да дели соба со Трпе, бидејќи многу хрчел. Заедно одлучиле дека не е фер само еден да мора да го трпи, туку секоја вечер да се менуваат.
По првата ноќ со Трпе, еден од нив се разбудил сиот бушав и со големи темни подочњаци.
Другите, пак, нервозно го прашале:
Човек, што ти се случило?
Трпе толку многу хрчеше, што јас цела ноќ не заспав, седев во кревет и гледав.
Следната ноќ, дошол друг на ред. Кога станал во утринските часови изгледал ужасно блед, подуен и одвај стоел на нозе.
Другите го прашале: Како помина, бидејќи изгледаш ужасно?
Тоа беше неподносливо. Трпе рчи како пила. Цела ноќ јас само гледав.
Слично поминале и останатите. На ред дошол Цветко.
Во утринските часови се појавил свеж, одморен и со одлично расположение.
Цветко:
Добро утро, другари!
Тие не можеле да си поверуваат на очите:
Како е тоа возможно?
Цветко:
Па кога се спремавме да си легнеме во кревет, се доближив до Трпе, го прегрнав, го допрев неговиот задник со блага насмевка и бакнеж за добра ноќ. Останатиот дел од вечерта Трпе остана буден, седеше и ме гледаше.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Виц: Изнервиран петел

Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…