Home Актуелно За ВМРО ДПМНЕ стратешки интерес е членство на Македонија во ЕУ и НАТО

За ВМРО ДПМНЕ стратешки интерес е членство на Македонија во ЕУ и НАТО

Стратешкиот приоритет на ВМРО ДПМНЕ секогаш бил и ќе биде евроатлантскиот процес и членувањето на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. ВМРО ДПМНЕ изминативе години напорно работеше за да ја придвижи Македонија кон евро-атланското семејство и резултатите се евидентни.

Ова се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ, на соопштението од СДСМ, во кое Никола Груевски беше посочен како кочничар на евроинтегративните процеси на земјата.

Благодарение на напорното и посветено работење на ВМРО ДПМНЕ, воведена е визната либерализација и граѓаните можат да патуваат без визи. Република Македонија во изминатите години доби осум позитивни препораки за отпочнување преговори со Европската Унија, исполнувајќи ги сите услови за членување. Причината зошто се уште не се отпочнати преговорите им е добро позната на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Понатаму уште се додава дека македонските одбранбени сили активно учествуваат во сите мировни мисии на НАТО, каде што се докажуваат во најдобро светло, рамо до рамо со светските воени сили.

За жал, единствено што паметиме на надворешен план од СДС е ветувањето за виткањето на кичмата, промена на името на нашата држава, како и прифаќање на Платформа на друга држава за редефинирање на Република Македонија, велат од ВМРО ДПМНЕ, при тоа додавајќи дека остануваат на курсот на патот за евроатланските интеграции.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…