Виц: Секс набрзинка за време на европско

Време на европско првенство.

Трпе оди кај швалерката на брз секс. Таман почнале, тропа некој на вратата.

Скриј се, му вели таа.

Каде?

Зад телевизорот.

Трпе си ги собрал парталите и така во боксерки се скрил зад телевизорот. Влегува мажот Ристо полицаец и вели:

Менувај тоа турски серии и пушти фудбал. Седнува во фотелјата и Пепе прави прекршок. Судијата вади црвен картон, а

Пепе се расправа со судијата. Одеднаш Ристо на цел глас:

Излегувај бе што се инаетиш.

Видел невидел Трпе, рипање од зад ТВ низ ходник по скали.

Жено кој беше овој по гаќи?

Не знам Ристо, да не е тој што го избркаа од утакмица?