Виц: Прв час на професорката по географија


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Една млада, културна професорка по географија, влегла прв пат на час во средно училиште, но учениците воопшто не и обраќале внимание. Викале, се карале, некои муабетеле, и таа кутрата колку и да се обидувала да ја започне лекцијата, ништо не и успевало.

Расплакана отишла кај директорот и му раскажала за проблемот. Директорот ја слушал и татковски и рекол:
Колешке, неправилно сте пристапиле кон учениците. Требало најнапред да ги заинтригирате со нешто и потоа да ја започнете лекцијата. Дојдете, јас ќе ви покажам.

Се вратиле тие двајцата во училницата и уште од вратата директорот ги кренал двата прста нагоре и извикал:

Хеви метал, мрсници!

Хеви метал, хеви метал, господин директор, му одговориле сите ученици.
Имам едно прашање за вас. Може ли да се стави кондом на географски глобус?

Сите молчат.

Пак прашувам, може ли да се стави кондом на географски глобус?

Еден ученик конечно прашал:

А што е тоа географски глобус, господин директор?

Е, тоа ќе ви го објасни новата професорка по географија.