Виц: Мажот кој сакал да стане жена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мажот му се пожалил на Господ, дека жените по цел ден седат дома, одмараат и не одат на работа и побарал да го направи жена, поточно да им ги замени местата со жена му. Господ се согласил.
Наредното утро мажот (веќе во улога на жена) скокнал, ѝ направил појадок на жена си, го однел големото дете на училиште, а малото во градинка. Се вратил дома, зготвил ручек, ги здиплил алиштата, поминал со правосмукалката и таман седнал да касне, дошло време да го зема големото дете од училиште. Го зел, го нахранил, му помогнал со домашните и дошло време да го земе помалото дете од градинка. Го зел од градинка и го однел на гимнастика, кога се вратил проверил што научило големото дете. Се вратила жена му, им сервирал на сите вечераа. Потоа собрал сѐ, ги измил садовите, ги легнал двете деца да спијат и со крајни сили одвај се доближил и легнал во креветот, а жена му рекла:
– Време е да си го исполниш сопружничкиот долг.
Поминале така неколку дена и мажот го замолил Господ:
– Господи, не сакам повеќе да сум жена. Претвори ме пак во маж!
А Господ му одговорил:
– Касно е, веќе си труден!