Home Мајтап Виц: Машка финта за далечинското

Виц: Машка финта за далечинското

Жена ми, другар, да ти кажам искрено, е многу инаетлива. Не можам на раат еден фудбал да изгледам од неа на телевизија.

Како така бе, брат?

Така, кога ќе седне да гледа од тоа сериите нејзини, крај нема. Цел ден пред телевизор.

А тоа јас го решавам на друг начин. Проверена финта.

Како?

Ја зачекувам кога разгледува на Фејсбук од мобилниот, па ќе се развикам: Аман бре фрли го тоа мобилниот, ќе ти почне серијата! Таа одма ќе се разурла: Ти ли ќе ми кажуваш што да правам, за инает ќе чепкам на мобилен. И така раат јас си гледам фудбал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мајтап
Comments are closed.

Check Also

Виц: Изнервиран петел

Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…