Виц: Куќната помошничка бара покачување

Куќната помошничка се обраќа до газдарицата во домот каде што работи: Госпоѓо, барам покачување на платата и имам три причин за тоа.

Сопственичката на куќата вели: Ај баш да слушнам кои се тие причини поради кои бараш покачување.

Помошничката: Прво, пеглам далеку подобро од вас.

Газдарицата: Кој ти го кажал тоа?

Помошничката: Вашиот сопруг. Второ, готвам далеку подобро од вас.

Газдарицата веќе нервозна: Кој ти го кажал тоа?

Помошничката: Вашиот сопруг. И трето, во кревет сум далеку подобра од вас.

Газдарицата веќе пес направена процедува низ заби: И тоа ти го кажа мојот сопруг!?

Помошничката: Не, тоа ми го кажа градинарот.

Газдарицата веднаш со смирен тон: Колку сакаш да ти ја покачам платата?