Зеленски избегнал најмалку три атентати од почетокот на руската воена инвазија во Украина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најновите извештаи на украинските безбедносни служби откриваат дека атентатори се обиделе да го убијат украинскиот претседател Владимир Зеленски најмалку три пати откако минатата недела Русија изврши инвазија врз Украина.

Последниот обид за атентат бил спречен кога непознати извори и дале информации на Украина за две одделни платенички групи кои планирале да извршат напади, пишува лондонски Тајмс.

„Можам да кажам дека добивме информации од руската Федерална служба за безбедност, која не сака да учествува во оваа војна“, изјави украинскиот секретар за национална безбедност и одбрана за локалните ТВ станици, пренесува Тајмс. Групата Вагнер поддржана од Кремљ стои зад двата обиди, објави Тајмс. Доколку успеат, Москва би можела да негира директна вмешаност во убиството.

„Платениците од Вагнер групата влегоа во претолнината Киев со многу висока мисија. Ликвидација на шефот на државата е огромна мисија. Ова би била можеби нивната најголема мисија досега. Тоа би имало големо влијание врз исходот на војната“, изјавил дипломатски извор за весникот.

Сè уште има повеќе од 400 членови на групата Вагнер кои моментов се скриени на одредени локации, откако нејзините членови се инфилтрирале во Украина.

Тие имаат „листа за отстрел “ составена од имиња на 24 функционери чија смрт би предизвикала хаос во украинската влада, велат извори за Тајмс.

44-годишниот Зеленски во саботата избегна и обид за атентат на периферијата на Киев, кога група чеченски атентатори беше спречена пред да успеат да стигнат до претседателот. На почетокот на конфликтот минатата недела, САД понудија да го евакуираат Зеленски од Киев додека траеше опсадата, но тој одби. „Борбата е тука. Ми треба муниција, а не возење“, изјави Зеленски за Асошиејтед прес.