Home Мајтап Виц: Грев и пол

Виц: Грев и пол

Оди младич на исповед кај новиот модернизиран поп:
– Грешев оче!
– Зборувај синко? Само почекај да го вклучам и лаптопот. Знаеш, модернизација и кај нас.
– Излегов со млада девојка се занесов оче и ја бакнав.
Попот го внесува гревот во лаптопот и на екранот излегува:
– Три пати молитвата Оче наш и шише масло.
Момчето задоволно си оди после подмирениот долг за гревот.

Наредниот ден момчето повторно на исповед:
– Грешев оче! Овој пат ја бакнав, се занесов и ја милував.
Кај попот на екранот од лаптопот излегува три пати Оче наш и три шишиња масло.
Момчето повторно си го подмирува долгот и среќен си оди.

Третиот ден момчето видно исплашено повторно на исповед:
– Оче! Овојпат е многу сериозна работата: ја бакнав, ја милував и еден момент се свестив дека сум на пола во неа.
Попот пишува на лаптопот и чека, повторно пишува- ништо…..
На крај нервозно се свртува кон момчето:
– Синко! Поради тоа што мојот лаптоп сигурно не работи со дропки, ај вечер оди бапни го крај па да видиме ….

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мајтап
Comments are closed.

Check Also

Виц: Изнервиран петел

Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…