Home Мајтап Виц: Двајца на една жена

Виц: Двајца на една жена

А бе, Трпе, брат, што било тоа фрки синоќа кај тебе?, го прашува Перо.

Остај брат, драми. Ми влезе провалник во станот.

И?

Што и, брат? Баш таа вечер се погоди тештата да биде на гости кај нас. И говедото право во нејзината соба влегол.

Што направи таа?

Почна да пишти, да вреска, а овој ја грабнал и ја скршил од ќотек. Ја отепал во мавање.

Па што не влезе ти да се замешаш бе, брат?

Нема смисла брат двајца мажи на една жена…не е фер.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Виц: Изнервиран петел

Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…