Home Мајтап Виц: Аман од жени шофери

Виц: Аман од жени шофери

Сабајле се возам накај работа и што да видам…
Во лентата покрај мене жена вози нов Фокус.
Вози над 80, со носот во ретровизорот.
Се шминка!
Го враќам погледот на патот, а ете го ѓаволот до мене!
Жената ми го пресече патот на пола, во мојата лента е и не престанува да се шминка!
Умрев од страв!
Ми падна машинката за бричење на бурекот кој ми беше на другото седиште, па заедно се истркалaа доле.
Со колениците пробувам да го контролирам воланот, ама го испуштив мобилниот, кој падна право во кафето меѓу нозе.
На мене се си извалкав, а мобилниот прекина да работи во сред важен разговор. А уште и таму си мислат дека им спуштив!
Значи аман од овие жени шофери!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мајтап
Comments are closed.

Check Also

Виц: Изнервиран петел

Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…