Мајтап

Виц: 86.000 евра и три јајца

Мара, баба со п’ни 99 години, леже на смртна постела, и на Блажо нејзин седнат до нејзиниот кревет, сака да му а открие големата тајна, пред да замине на ниа свет….
– Блаже, мил мој и нежен Блаженце, сакам пред да и склопам очите за сег’гаш, да ти а кажам мојта нај голема тајна, оди до шупата у дворот, и над казанот за ракија, на трет’та потпорна греда од десната страна има две кутии, оди земи ги…
Оде Блажо у шупата, се враќа и у раката носе две кутии…
У првата кутија наоѓа три јајца, а у втората 86.000 Евра,очите му светнале ѓоа дукати..
– Ај Маре сеа кажи, шо значат виа трите јајца…
– Значи Блаже, ја и ти сме у брак 8
0 години, и секој пат каа не свршуе, ставаше по едно јајце у кутијата…
Блажо каа го чул тоа, се надул ѓоа паун од задоолство, како за 80 години, сал три пати омаанал, и а прашуе:
– Ок тоа, аиа 86.000 евра шо значат….
– Ами, сег’гаш каа че а нап’не улошката со 30 јајца, оде на пазарот и ги продаваше…

Advertisements
To Top