Вистината зад „средниот прст“ на Роби Вилијамс на отворањето на Светското првенство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот музичар Роби Вилијамс, во своето гостување во емисијата This Morning на ITV, откри зошто за време на неговиот настап во живо на отворањето на Светското фудбалско првенство во Русија, на „Лужники“, покажа среден прст пред камерите – гест кој го видоа милиони гледачи кои го следеа неговиот настап, а кој воопшто не бил ниту планиран ниту замислен во рамки на кореографијата.

Fox веднаш излезе со извинување по инцидентот со покажаниот среден прст на свеченото отворање на Мундијалот на стадионот „Лужники“.

„Сметав дека е многу важно на вакви настани да не се направи меѓународен инцидент и знаете што? Мене тоа ми успеа“, рече Вилијамс во емисијата „This Morning“ на ITV.

Потоа се пошегува дека само покажувал дека има уште една минута до официјалниот старт на првиот натпревар од Мундијалот меѓу Русија и Саудиска Арабија.

На прашањето дали се кае за инцидентот, Вилијамс призна: „Секако. Не можам ни сам да си верувам…. самиот не знам што ќе направам во кое било време.“

Претходно, гестот на Вилијамс беше објаснет како самостоен потег на уметникот насочен кон „Британскиот парламент“ поради огромен притисок за наводни негови врски со Владимир Путин.