„Викенд на мртовци“ во живо: Му јавиле дека мајка му починала, кога отишол да си ја земе – ја нашол жива


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Благојче Донев од Кочани, на прилично невкусен и трауматичен начин, доживеал сцена слично како од сценариот за македонската црна комедија „Викенд на мртовци“.

Од кочанската болница му се јавиле и го известиле дека мајка му починала, па тој почнал да го огранизира погребот.

Се јавил на блиските роднини и погребен оператор, од каде закажале во црква и испечатиле некролози, но кога тој заедно со операторот дошол да го земе телото, открил дека мајка му е жива и дека лежи на Интерното одделение.

„Брза помош ми рече мајка ти е почината и може да си ја земете. Докторот што ја прегледувал ни рече дека за два часа ќе можете да ја земете. Отидовме да ја земеме со погребално возило, ја баравме на неколку места. Конечно ја најдовме на Интерно одделение жива, ова беше голем стрес за мене“ – изјави Донев за Телевизија Кочани.