Вијадукт на три спрата – тоа го можат само Кинезите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Автопатот изграден во формат на три спрата, на кинеската планина Тианлонг, кој има висина од 1.370 метри, е новата кинеска атракција која го импресионираше светот.

Мостот на северозападот од Кина стана главна точка на собир бидејќи многу жители брзаат и возат до планината за да го видат спектакуларниот проект и да ги споделат фотографиите на социјалните мрежи.

Кружниот мост има вкупна должина од 30 километри и се простира на спомнатата планина. Од воздух мостот изгледа како гигантски змеј кој лебди над планината.

Мостот го држат столбови од 7 000 тона челик, а наскоро би требало да биде завршен и пуштен во сообраќај.

Ова е само уште еден импозантен проект во низата кој е изграден во Кина во последните години .