Видовте Вокер како го претрча Винисиус? (снимка)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според многумина аналитичари – момент кој веројатно го реши натпреварот, а можеше да му даде поинаков тек ако Кајл Вокер не го престигнеше Винисиус и не му ја земеше топката како на тренинг.

Цел Етихад го почести со овации и аплаузи Вокер за ова врвно поставување во одбрана.

„Кајл Вокер е ѕвер. Кога и да трчаш со него ќе бидеш сопрен. Во една ситуација тој беше позади Винисиус и едноставно го стигна, му ја стави раката, му ја зема топката и му рече чао. Многу врвни играчи ги става в џеб“, коментираше за овој потег фудбалската легенда Тиери Анри.