Видете кои се најпопуларните дестинации ова лето!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Аирбнб“ оваа година издвои одредишта кое бележат многу повеќе резервации отколку во истото време минатата година.

Ова се некои дистинации каде секогаш се бара соба повеќе, па и ова лето најпопуларни се бројните шпански летувалишта

Росарио, Мексико
Раст на побарувачка: 231 отсто
Гратче на плажа, сместено само неколку километри од границата со САД, а го красат луксузни одморалишта како и првокласни рибни ресторани.

Дестин, Флорида
Раст на побарувачка: 232 отсто
Дастин е популарно место во пролет и лето, а туристите најчесто уживаат во часови на голф и пливање во Мексиканскиот Залив.

Скарбороу, Англија
Раст на побарувачка: 258 отсто
Скарбороу е морско одморалиште уште од викторијанското време, но во последно време во него расте и културната понуда.

Ханој, Виетнам
Раст на побарувачка: 261 отсто
Главниот град на Виетнам оваа година доживеа вистински „бум“. Тоа е град со богата култура, штандови полни со храна и занимливи уметнички сцени.

Јохор Бахру, Малезија
Раст на побарувачка: 262 отсто
Иако долго време се сметал за хаотичен град, кој нема никаква специјална понуда, последните години Јохор Бахра се воздигна од пепелта. Неговите музеи и храмови никого нема да го остават рамнодушен.

Леванто, Италија
Раст на побарувачка: 313 отсто
Секако, Италија е преполна со градови и места кои треба да се видат, а еден од оние кои се помалку познати во јавноста е Леванто. Локацијата на која се наоѓа го одзема здивот, а ако сакате да го избегнете метежот, тоа е одлична алтернативна на соседна Чинкве Тера.

Салоу, Шпанија
Раст на побарувачка: 463 отсто
Салоу пред се ја краси убавата плажа во делот познат како Коста Дорада. Салоу е смесен во јужниот дел од Тарагона, а со оглед на тоа дека во близина е и познатиот забавен парк Порт Авентура, претставува идеален избор за цело семејство.

Ла Сјота, Франција
Раст на побарувачка: 675 отсто
Бројката која го изразува растот на побарувачка, кажува се. Овој романтичен град на Азурниот брег е дом на историскиот Рајски театар, едно од најстарите кина во светот.