Видете како беше приведен пратеникот Крсто Мукоски (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претпладнево во Судот на распит беше донесен и пратеникот Крсто Мукоски, кој е меѓу осомничените за настаните од 27 април.

Од објавените снимки од безбедносните камери во Собранието се гледа како Мукоски со уште неколку други пратеници, меѓу кои Јохан Тарчуловски и Сашо Василевски, ги отвораат вратите од Собранието, пренесува „Макфакс“.

Мукоски е приведен по наредба на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, кое што утринава соопшти дека отворило истрага против 36 лица за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за кое што е предвидена казна затвор од најмалку 10 години.