Home Спорт Видете ја контроверзната прослава на Роналдо за која зборува цела Италија

Видете ја контроверзната прослава на Роналдо за која зборува цела Италија

Јувентус синоќа во драматичен натпревар го совлада Наполи со 4:3, а стрелец на еден од головите беше Кристиано Роналдо, пишува Спортски.мк.

„Старата дама“ водеше со 3-0 на половина час пред крајот, но потоа Наполи се врати и израмни на 3-3. Сепак, Кулибали во последните моменти од мечот постигна автогол и го реши мечот во корист на Јувентус.

Роналдо на контроверзен начин го славеше својот гол за 3-0 на асистенција на Даглас Коста, а денеска се поставува прашањето дали Португалецот ќе добие казна поради тоа што го „копираше“ ВАР-системот.

https://twitter.com/b3naldo7/status/1167902609815982082

Роналдо со оваа прослава алудираше на голот против Парма, кога се израдува, а потоа ВАР му го поништи голот.

Извор: Спортски

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…