Home Актуелно Нов напад во Тексас: Петмина убиени и 21 ранети (ВИДЕО)

Нов напад во Тексас: Петмина убиени и 21 ранети (ВИДЕО)

Најмалку пет лица се убиени, а десетици други се повредени во Тексас, откако биле застрелани од вооружен напаѓач кој стрелал од возило.
Осомничениот напаѓач е убиен за време на апсењето. Полицијата потврди дека пет лица се убиени, а 21 повредени.

Вооружениот напаѓач, кој отворил оган откако неговиот автомобил бил запрен од полицијата во саботата попладне, е убиен од полицијата, која го бркала на паркинг во комплекс за забава.

Не се објавени детали за загинатите, но еден од повредените е 17-месечно момче што било застрелано во лицето и било однесено во болница во Одеса.

Ова е второ масовно пукање во Тексас овој месец. На 3 август вооружен напаѓач уби 22 луѓе, а рани 24 во Волмарт во Ел Пасо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…