Спорт

(ВИДЕО) Во Барса врие: Нејмар се тепаше на тренинг!

Дали целосно е завршена приказната околку Нејмар и неговиот престој во Барселона?

Бразилскиот ас на тренингот на својот тим предизвика инцидент и се судри со Семедо.

Нивните соиграчи спречија физички конфликт, така што Маскерано го тргна Португалецот кој дури минатата недела пристигна во клубот. Незадоволниот Нејмар по тоа го фрли маркер-дресот и налутено го напушти тренингот на Барса.

Беспомошниот Валверде, тренерот на Барселона само стоеше и веројатно и сам свати дека Нејмар ја завршува приказната во неговиот клуб.

Претседателот на Барселона, Бартомеу вети дека ќе го задржи Нејмар, меѓутоа ПСЖ е подготвен да ги плати бараните 222 милиони евра, по што Бразилецот може да стане принц и жител на Париз.

Расплетот веројатно ќе го добиеме побрзо отколку што очекувавме.

To Top