Акција! Заедно до Суперкуп


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ЈП Паркинзи на Општина Центар во целост ја поддржува иницијативата за привремено згрижување на бездомни кучиња, како на територија на општина Центар, така и во останатите општини во Скопје.

Имено, изминатиот период неколку здруженија за заштита на животните и нивните активисти објавија дека се очекува да има заловување на бездомните кучиња во Скопје со цел да се исчисти градот од бездомни животни до Суперкупот кој треба да се случи на 8-ми август. Тие ја искажаа својата загриженост за иднината на тие заловените кучиња, со оглед на тоа дека ги има многу, а капацитетот за нивно згрижување е мал.

Затоа АПЕЛИРАМЕ сите жители да ја поддржат иницијативата со тоа што ќе згрижат барем по едно бездомно куче до 8-ми август, односно до Суперкупот. Сите заедно и со малку напор можеме да направиме многу за четворонoжните пријатели и да помогнеме да ни биде чист градот за гостите што ќе не’ посетат.

Сите што ќе се вклучат во оваа акција, треба да направат фотографија со кутрето и истата да ја постираат на сопствениот facebook профил со паролата #ЗаедноДоСуперКуп.

Да покажеме дека заедно можеме да направиме многу.