Славни

Дознајте зошто оваа фотографија од Кид Рок, Крис Рок и Двејн Џонсон стана хит на интернет

Стара заедничка фотографија на Кид Рок, Крис Рок и Двејн Џонсон „Д Рок“ (Карпата) стана хит на Твитер.

Фотката почна вирално да се шири откако некој претходно на Редит го пронашол овој интересен „спој на трите карпи“ (Kid Rock, Chris Rock и Dwayne The Rock Johnson).

Она што го привлече вниманието на сеирџиите на Твитер се и гримасите на тројцата ѕвезди, по што шегите на нивна сметка не секнуваат.

Некои се осврнаа и на тоа што музичарот Роберт Ричи, попознат како поранешен сопруг на Памела Андерсон, се уште го викаат „Кид“ (детето), иако тој веќе има 46 години.

To Top