ВИДЕО: Темната страна на Меси – Рамос го налути, овој му опцу мајка!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси ги загуби нервите во еден момент од вториот натпревар во шпанскиот Суперкуп и ја опцу мајката на Серхио Рамос.

Капитенот на Реал го испровоцира Аргентинецот бидејќи не му ја врати топката, туку со рака му ја фрли во воздух. Тоа Меси го налути па ја покажа својата темна страна. Во тој момент беше јасно дека Барселона ќе доживее катастрофален резултат од својот најголем ривал.

Меси, се разбира, што можно поскоро сакаше да ја добие топката од Рамос за побрзо да го изведе прекинот, но стоперот на Реал со задоволство додаде сол на раната на најголемата ѕвезда на Барса. Иако играчите на Барселона повеќе ги боли тоа што во новата сезона влегуваат многу инфериорни во однос на Реал.

Победата во Суперкупот му го донесе веќе седмиот трофеј на Зидан од кога е на клупата на Реал, а дури ги одмараше клучните играчи како Иско и Бејл и беше без суспендираниот Роналдо. Но, затоа го имаше одличниот Асенсио..