Home Спорт Видео: Симулација достојна за Оскар

Видео: Симулација достојна за Оскар

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез беше предмет на потсмевање поради неговата „глума“ во казнетиот простор на Челзи во синоќешниот натпревар на „Стенфорд Бриџ“.

Суарез падна како покосен во казнетиот простор откако самиот се сплетка со двете нозе и бараше од судијата да досуди пенал. Тоа се случи само неколку моменти пред Меси да го израмни резултатот на 1:1.

Фановите на Реал Мадрид не пропуштија да се насмеат и на симулацијата на дефанзивецот Самуел Умтити за една друга ситуација од синоќа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…