Home Спорт Видео: Шампионот не може без Кари, ново шоу на Леброн

Видео: Шампионот не може без Кари, ново шоу на Леброн

Синоќешните натпревари во НБА лигата поминаа во знакот на Лебрин Џејмс кој одигра уште една фантастична партија против Бруклин, како и изненадувачкиот пораз на Голден Стејт.

Домаќините го одржуваа резултатот против Кливленд, но во завршницата гостинскиот тим стигна до предност и победи со 121-114.

Џејмс постигна 37 поени, 10 скокови и осум асистенциии по 10. пат во сезона ја надмина бројката од 2.000 поени, а тоа им успеа претходно само на Карл Мелоун и Мајкл Џордан. Одлична партија одигра и Кевин Лав со 20 поени и 15 скокови.

Голден Стејт без Кари, Дурент и Томпсон немаше сили немаше сили да им се спротистави на Џезерите, кој забележаа значајва победа во борбата за осмата позиција во Западот (91:110). Донован Мичел со 21 поен, односно Руди Гобер со 17 понени и 15 скока ја предводеа Јута до победата.

Останати резултати:
Сакраменто- Бостон 93-104
Торонто – Лос Анџелес клиперс 106-117
Оклахома – Портланд 105-108
Хјустон – Аталанта 118:99

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…