Видео: Роналдо конечно погоди и го спаси Реал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид многу потешко од очекуваното стигна до победа на гостувањето кај Гетафе во 8-то коло од Примера.

Херој за „кралевите“ беше Кристиано Роналдо кој со гол во 86-та минута му донесе гокема победа на Реал. Тоа воедно беше и првиот гол за Португалецот оваа сезона во Примера.

Реал се мачеше од самиот старт, но Бензема во 39-та минута погоди за 1:0. Домажините не се предадоа па во 59-та минута Молина погоди за 1:1.

Реал потоа нападна со сите сили, а победата стигна во 86-та минута откако Роналдо постигна гол после маестралната асистенција на Иско.