Видео: Роналдо ги подели првите автограми, фановите во транс!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес е денот на Кристиано Роналдо. Португалецот пристигна вчера во Торино, а денес треба да ги помине лекарските прегледи и официјално да биде претставен како нов фудбалер на Јувентус.

Уште од рано утрово стотици фанови на Јувентус се собраа пред медицинскиот центар да го поздрават својот нов идол.

Роналдо ги израдува фановите откако излезе од клиниката, ги поздрави, а потоа им се приближи и почна да дели автограми.