Утре Хан го почнува „скрининг процесот“ на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со утрешното доаѓање на еврокомесарот Јоханес Хан во Македонија, започнува европскиот скрининг процес на земјата поврзан со започнувањето на преговори за членство на Македонија во Европската Унија.

Според агендата, Хан треба да се сретне со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Парламентот Талат Џафери и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а, според најавите, треба да има и обраќање пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.

Минатата недела Хан на прес-конференција во Брисел ги најави посетите на Македонија и на Албанија и отпочнувањето на скрининг процесот на овие две земји. Еврокомесарот по завршување на средбите во Скопје, утре попладне ќе замине за Тирана.

Премиерот Зоран Заев на средбата со претставници на граѓанските организации изјави дека со доаѓањето на Хан во Скопје почнува скрининг процесот.