Видео: Рома го доби големото градско дерби!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Рома славеше победа над градскиот ривал Лацио во натпревар од 7-то коло во италијанската Серија А.

Во првото полувреме гледавме возбудлив натпревар со многу шанси на двете страни, а првиот гол падна во последните минути од полувремето. Пелегрини кој во игра влезе во 36-та минута после повредата на Пасторе, ја донесе „волчицата“ во водство.

Во второто полувреме најпрво Имобиле успеа да му украде една топка на дефанзивците и израмни на 1:1, но само неколку минути подоцна Коларов од слободен удар донесе водство. Конечните 3:1 ги постави Фацио во 86-та минута.