Видео: Реал апсолутен рекордер во шпанскиот фудбал!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Севиља и Реал одиграа спектакуларен натпревар на „Санчез Писхуан“, кој и покрај доминацијата на домашниот тим и големиот број на пропуштени шанси заврши 3:3.

„Кралевите“ и на 40-от натпревар во низа остана непоразен со што стана апсолутен рекордер во шпанскиот фудбал.

Севиља од 10-та минута водеше со авто голот на Данило, а до крајот на полувремето резултатот не се промени. По три минути игра во второто полувреме израмни Асенсио.

Јоветиќ, кој ден претходно пристигна во клубот, а во игра влезе во 43-та минута, дебитираше со гол во 52-та минута, а потоа Ибора во 77-та минута ја искористи лошата реакција на голманот Касиља и зголеми на 3:1.

Реал, кој на овој меч настапи во комбиниран состав, од пораз го спасија Серхио Рамос кој постигна гол од пенал во 81-та минута и Бензема кој постигна гол во 93-та минута.