Суперсоничен дизајн за моќно утринско кафе будење


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тешко е да се замисли наутро да се појде на работа без да се испие кафе, напиток кој ги буди нашите сетила и не враќа во живот.

Токму затоа компанијата Superveloce, која произведува ограничени серии на уметнички дела инсипирани од авионскиот и автомото дизајнот, изработи кафемат наречен Aviatore Veloce Turbojet, кој има форма на авионски мотор.

13.1.kafemat-avionski-motor1

Кафематот е со совршен дизајн, изработен од авионска некородирачка легура на алуминиум и челик, и е прелагодлив за работна соба, трпезарија или кујна, а може да се користи и надвор од домот.

13.1.kafemat-avionski-motor2

Овој необичен апарат можеби делува како претерано голем за подготвување на еден обичен филџан кафе, но само малкумина можат да се пофалат со фактот дека својот омилен напиток го добиваат од млазен мотор.