Home Спорт Видео: Нов трипл-дабл на Харден, Батлер броеше до 52!

Видео: Нов трипл-дабл на Харден, Батлер броеше до 52!

Нов трипл дабл на Џејмс Харден, „дабл-дабл“ со 52 поени на Џими Батлер, поразот на Оклахома и триумфот на Голден Стејт ги обележаа натпреварите кои во НБА лигата се одиграа во текот на изминатата ноќ.

Џими Батлер блескаше во триумфот на Чикаго над Шарлот 118:111. Крилниот играч постигна 52 поени, на кои придодаде 12 скокови и шест асистенции и во целост го засени учинокот на Кемба Вокер, кој за Шарлот постигна 34 поени.

Хјустон го совлада Вашингтон со 101:91. Тимот го предводеше Џејмс Харден со трипл дабл од 23 поени и по 10 скокови и асистенции, а најефикасен со 31 поен беше Ерик Городн.

Кливленд со добра игра во одбраната во последната четвртина успеа да го скрши отпорот на Њу Орлеанс. Леброн Џејмс постигна 26 поени во триумфот на Кливленд 90:82, а на другара страна Ентони Дејвис забележа 20 поени и 17 скокови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…