Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Некогашната голема надеж на холандскиот фудбал и поранешен играч на Ливерпул, Рајан Бабел кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ.
Крилниот напаѓач, Рајан Бабел, со турскиот шампион договори две и пол годишна соработка. Холанѓанецот во Истанбул пристигна од Ла Коруња каде настапуваше изминатите шест месеци, а откако му истече договорот реши да го смени клубот.
Според турските медиуми, Холанѓанецот од соработката со Бешикташ ќе добие пет милиони евра.
Бабел во кариерата има настапувано уште за Ајакс, Хофенхајм и Ал Аин. За холандската репрезентација има одиграно 16 натпревари.