Home Спорт Видео: Нов срам за Интер, рекорд за Руни!

Видео: Нов срам за Интер, рекорд за Руни!

Синоќа беше комплетирано петто коло во фудбалската Лига Европа каде фаворитите ја оправдаа својата улога, со исклучок на Интер кој доживеа уште еден срам.

Манчестер Јунајтед го совлада Феенорд 3:0,а Вејн Руни кој го постигна првиот гол влезе во клупската историја. Руни го постигна 39-гол во европските натпревари, со што стана најдобар клупски стрелец.

Екипата на Интер продолжува со лошите резултати во новата сезона. Ниту промената на тренерот барем засега не му носи резулта на славниот милански клуб. Интер уште еднаш се изрезили против Хапоел, откако успеа да загуби иако имаше водство од 0:2.

На коло до крајот во наредната фаза веќе се пласираа Зенит, Шахтјор, Ајакс, Шалке, Андерлехт, АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етиен, Атлетик Билбао, Генк.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…