Видео: Меси и дружината имаа бессона ноќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Ливерпул бараат секакви начини да им помогнат на своите играчи да направат „чудо“ вечерва против Барселона во полуфиналето од Лигата на шампиони.

На првиот натпревар на „Камп Ноу“ Барса го победи Ливерпул со 3:0, па „црвените“ се наоѓаат пред „невозможна мисија“, особено поради фактот што ќе бидат без Салах и Фирмињо.

Фановите на Ливерпул се погрижија да ги остават без мирен сон фудбалерите на Барса синоќа, па среде ноќ направија огномет пред хотелот каде што се сместени противничките играчи.

https://twitter.com/AwayDaysVideos/status/1125725783199232000