Home Спорт Видео: Леброн блесна, Кливленд го возврати ударот

Видео: Леброн блесна, Кливленд го возврати ударот

Тимот на Кливленд го возврати ударот и со убедливи 116-86 го победи Босон за 2:1 во финалната серија на Истокот.

Кавалирс фуриозно го почна мечот и по првата четвртина имаа +15 (32:17), на полувреме веќе воде со 20 разлика (61:41). Во продолжение Леброн и соиграчите само рутински ја чуваа предноста против немоќниот Бостон и сосема заслужено славеа висока победа.

Леброн Џејмс со дабл-дабл ефект од 27 поени и 12 асистенции го предводеше својот тим до убедлив триумф, дури шест кошаркари на Кливленд имаа двоцифрен број на поени. Во тимот на Бостон прв стрелец беше Џејсон Тетум со 18 поени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…