Мурињо во свој стил: Челзи не го заслужи ФА Купот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо во свој стил го прокоментира поразот од Челзи во финалето од ФА Купот.

„Специјалниот“ изјави дека неговиот тим го надиграл Челзи и заслужил да го освои трофејот.

„Јас ги поздравувам, бидејќи победија, но не мислам дека тие заслужуваа да го освојат купот. Им честитам. Јас сум менаџер на Манчестер Јунајтед и морам да покажам почит не само затоа што тоа е мојот поранешен клуб, туку затоа што беа нашиот денешен ривал. Но, мислам дека ние заслуживме да победиме“, изјави Мурињо.

„Се обидовме со се, но не успеавме да постигнеме гол. Челзи одигра многу компактно. Вистината е дека Девид де Геа не ја допре топката. Тој ја допре само кога мораше да ја извлече од неговата мрежа“, додаде Португалецот.