Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
20-то празнично коло од Премиер лигата донесе многу возбудувања, а најинтресно секако беше на „Олд Трафорд“, каде Манчестер Јунајтед се спаси од пораз во последните минути од мечот.
Катастрофално започна натпреварот за тимот на Мурињо. Уште на самиот почеток Барнс го шокира „Олд Трафорд“ и донесе предност за Барнли од 0:1. Меѓутоа, до крајот на полувремето гостите ја дуплираа предноста, откако Дефур постигна феноменален гол од слободен удар.
Во второто полувреме Лингард беше херој за „црвените ѓаволи“. Најпрво во 53-та минута постигна мајсторски гол со пета, а потоа во втората минута од продолжението го спаси тимот од пораз.
Челзи дури во второто полувреме успеа да го скрши отпорот на Брајтон и победи со 2:0 со головите на Мората и Алонсо.
Возбудлив меч со шест гола одиграа Бонмут и Вест Хем, но немаше победник и мечот заврши 3:3. Ватфорд запиша вредна победа над Лестер (2:1), а бодовите ги поделија Хадерсфилд и Стоук (1:1), односно ВБА и Евертон (0:0)