Home Спорт Видео: Кари ја растури „коњаницата“, Голден Стејт поведе со 2-0

Видео: Кари ја растури „коњаницата“, Голден Стејт поведе со 2-0

Синоќа се одигра вториот натпревар од финалната серија во НБА лигата во кој Голден Стејт поведе со 2-0, а херој беше Стеф Кари.

Синоќешниот дуел донесе нов НБА рекорд на Стеф Кари, кој уфрли 9 тројки во еден натпревар, за првпат во историјата на лигата. Тој воедно беше и најдобар поединец и постигна 33 поени, 7 скокови и 8 асистенции.

Кралот Џејмс повторно беше клучниот играч на Кливленд и најдобар играч на теренот, па тој го заврши натпреварот со 29 поени, 9 скока и 13 асистенции. Тоа сепак не беше доволно за неговиот тим да оствари победа, бидејќи остатокот од екипата играше многу лоша одбрана.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…