Видео: Голден Стејт перфектен, Атланта израмни!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тимот кој го оствари најдобриот резултат во регуларниот дел од сезоната, во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс, со максимални 4-0 ја реши четвртфиналната серија на Западот против Портланд. На Истокот, Торонто, го доби петтиот меч и води во серијата против Милвоки со 3-2, додека Атланта по двете средби на домашен терен израмни во серијата против Вашингтон на 2-2.

Голден Стејт, вицепрвакот во НБА лигата, победи и во вториот меч во Орегон и со максимални 4-0 ја завршија серијата со Портланд. Вориорс во четвртиот меч победија со 128:103.

Вориорс одиграа неверојатна прва четвртина во која постигнаа 45 поени (45:22). Најдобар во редовите на ГС беше Стеф Кари со 37 поени (7/11 за три), осоум асистенции и седум скокови. Кај Портланд се истакна Демијен Лилард со 34 поени.

Атланта славеше во четвртиот меч против Вашингтон 111:101 за 2-2, пред серијата да се пресели во главниот град на САД.

Торонто, кој во серијата со Милвоки ја има предноста на домашниот терен, стигна до првото водство во серијата. Репторс, во петтиот меч, победија 118:93.