Видео: Фулц се врати, Филаделфија победи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Синоќа на прогамата во НБА лигата се одиграа пет натпревари, на кои фаворитите ја оправдаа фаворитската улога и остварија лесни победи.

Најмногу возбуда донесе мечот во Филаделфија помеѓу домашниот тим и Денвер Нагетс, каде публиката можеше да го види враќањето од повреда на Маркел Фулц, а домаќините славеа со резултат 123:104.

Фулц го заврши мечот со 10 поени и 8 асистенции, покажувајќи дека ќе биде значаен адут на својот тим во доигрувањето.

Останати резултати:
Шарлот – Њујорк Никс 137:128
Детроит – ЛА Лејкерс 112:106
Минесота – Мемфис 93:101
Феникс – Бостон 94:102