Видео: Фудбалска тепачка каква до сега не сте виделе!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жестока тепачка го обележа четврфиналниот реванш во плејофот, во бразилската сојузна држава Парана, помеѓу домашниот тим Парана и Атлетико Паранаенсе.

Парана го пречека Атлетико Паранаенсе во четврфиналниот реванш со негатива (0:1) и не успеа да избори пласман во полуфиналето, бидејќи возвратниот натпревар заврши 0:0.

Овој натпревар ќе се паменти по жестоката тепачка, која ја иницираше гостинскиот голман Вевертон.

Мешаницата на теренот настана кога Вевертон исфрли една топка во аут, а потоа со непримерна гестикулација започна да ги провоцира домашните навивачи.

Потоа настана хаос во кој „најистакнат“ беше напаѓачот на Атлетико Даглас Кутињо, кој демонстрираше боксерски вештини.