Видео: Ерупција од воодушевувања, па ладен туш!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тотенхем успеа да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампиони, благодарение на гостинските голови. На домашен терен го победија Манчестер Сити со 1:0, додека во реваншот на „Итихад“ изгубија со 4:3.

Доколку немаше ВАР Тотенхем можеше да се прости од Лигата на шампионите бидејќи Рахим Стерлинг во третата минута од судиското продолжение постигна петти гол за Сити, но судиите од ВАР собата го поништија.

Кога Стерлинг погоди имаше ерупција на воодушевувања, а потоа и ладен туш. На видеото подолу може да се види целата среќа, но и тага на фановите.